154
Турскиот
прволигаш Бешикташ потврди дека претседателот на тој клуб, како и други осум
случаи се позитивни на тестирањето на коронавирус во самиот клуб.
Пандемијата од
коронавирусот и натаму продолжува да задава силен удар на фудбалот ширум
светот, со тоа што многу клубови се соочуваат со случаи на Ковид-19.
Бешикташ преку
две соопштенија ја извести јавноста дека нивниот претседател Ахмет Нур Чеби е
заболен, а дополнителните тестирања во самиот клуб потврдиле дополнителни осум
случаи.
Турската „Суперлига“
е предвидено да продолжи на 12. јуни, а Бешикташ отиде во карантин, поради
протоколот во тоа првенство во пресрет на продолжувањето на актуелната сезона.