Деулот со Македонија ќе биде последен за Арда Туран, играчот најави пензија откако беше избркан од репрезентацијата

by
2 минути читање

Арда Туран, кој вчера ја носеше капитенската лента на Турција на дуелот со Македонија, повеќе нема да го носи националниот дрес.

По крајот на дуелот со „Црвено-жолтите“, на летот за Италија, Арда Туран во авионот имал жестока расправија со еден новинар.

Фудбалерот на Барселона бил бесен поради сторите кои биле објавени минатото лето за проблеми во репрезентацијата за време на ЕП 2016.

„Кажи ми Билал Меше, дали беше таму?“ – му се обратил Арда Туран на новинарот на Милијет.

„Дали беше со нас кога пишуваше за проблемите со бонусите? Од кого сум побарал пари? Од кого сум побарал пари за бонус? Кажи ми, ајде“.

„Кој те тераше да ги пишуваш овие приказни?“

„Каква земја е ова? Како ти дозволуваат да бидеш со нас во авион. Да ги е*ам тие што ти дозволиле“.

„Мислиш дека сум како другите. Кого сум го молел за пари? Кажи ку*вин сину“.

„Попрво би се откажал од фудбалот отколку да му дозволам на некој да збори против мојата чест и семејство“.

„Твој шеф е Демирорен (претседателот на Фудбалската федерација на Турција). Ти си од весникот на претседателот на ФФТ!“

Арда Туран дури и за врат го фатил новинарот, а останатите играчи спречиле поголем инцидент.

По оваа расправија, Фатих Терим го отстрани Арда Туран од репрезентацијата, а играчот соопшти дека повеќе нема намера да го носи националниот дрес.

„Си заминувам од репрезентацијата, нема повеќе да играм за Турција“ – гласеше известувањето од Туран.

„Не жалам за она што го направив, ја бранев мојата чест“.

„Играв во сите репрезентативни категории, ја сакам мојата земја, моето знаме и националниот тим“.

„Се жртвував многу, но тоа е завршено. Си заминувам од националниот тим. Никогаш не се сметав за ѕвезда, секогаш сакав да бидам чесна личност“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани