179
Брзата реакција на едно од децата кои собираат топки беше клучна за постигнување на израмнувачкиот гол на Тотнем против Олимпијакос.
Мурињо му честиташе на момчето веднаш по постигнатиот гол, а после мечот рече дека се обидел да го најде за да го викне во соблекувалната со играчите на Тотнем, но не го пронашол.
Сепак, детето денеска беше покането на ручек со фудбалерите пред натпреварот со Борнмут.

