Дете собирач на топки му помогна на Тотнем да даде гол па доби честитка од Мурињо (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Жозе Мурињо со победа стартуваше со Тотнем во Лигата на шампионите, тоа беше и негов прв триумф на стадионот на Спарс.

Но работите не почнаа најдобро. Олимпијакос имаше водство од 2-0, а Тотнем со пресврт во второто полувреме дојде до триумф од 4-2.

Интересно беше при вториот гол. Топката отиде во аут за Тотнем, а детето кое собира топки многу брзо ја додаде топката и тоа беше клучно за погодокот. Се чини доколку додадеше некоја секунда подоцна Олимпијакос ќе ја спречеше акцијата.

Тоа го препозна Жозе Мурињо и веднаш по погодокот отиде кај детето и му честиташе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×