Детали од третата понуда на Барса за Кутињо, еве зошто Ливерпул веднаш ја одби

by
1 минути читање

Од таборот на
„Каталонците“ пред неколку дена изјавија дека се блиску до Бразилецот, но
Ливерпул се уште стои на својот цврст став и не сака да слушне за продажба на
Филипе Кутињо.

Денеска Барса
достави трета понуда вредна 125 милиони евра, но „Црвените“ експресно го одбија
и овој предлог.

Сумата изгледа
голема, но Мирор сега ги открива деталите од кои се гледа дека понудата и не е
толку добра.

Весникот пишува
дека Барса на Ливерпул му нуди загарантирана сума од 90 милиони евра која ќе
треба да биде исплатена во следните пет години.

Останатите 35
милиони евра се во бонуси, од кои некои можеби и никогаш нема да бидат остварени.

Барса на Ливерпул
му нуди бонуси доколку Филипе Кутињо освои неколку трофеи во иста сезона,
неколку трофеи од Лигата на шампионите за време на престојот на Камп Ноу,
освојување на „Златната Топка“ за најдобар играч, како и освојување на повеќе
трофеи и „Златната Топка“ во иста сезона.

Мирор додава дека
лидерите на Ливерпул се гневни на Барса, и на „Каталонците“ им порачале да не
се враќаат со нова понуда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани