512
Дидие Дешам донел одлука да замине од кормилото на француската репрезентација по завршување на настапот на Светското првенство во 2026 година.
„Л’Екип“ тврди дека одлуката е донесена, се е договорено и Дешам наскоро и официјално ќе соопшти.
Дидие Дешам е селектор на Франција од 2012 година. Во 2018 година го освои Светското првенство, а четири години подоцна играше финале. Во сезоната 2020-21 ја освои Лигата на нации. Во 2016 година играше финале на Европското првенство.