128
Дидие Дешам ги извршува последните месеци како селектор на Франција, по крајот на Светското првенство тој ќе замине од функцијата.
Последните информации велат дека Реал Мадрид е сериозно заинтересиран да му понуди на Дешам да биде нивни тренер од следната сезона.
Арбелоа доколку не освои Лига на шампиони или Ла Лига нема да продолжи да го води кралскиот клуб, а раководството сака искусно решение.
Наводно, тие сметаат дека Дешам би бил идеалниот човек за следен тренер на Реал Мадрид.