„Росонерите“
сакаат да го затворат трансфер пазарот со ангажман на нов голгетер откако
претходно потрошија преку 200 милиони евра за девет засилувања.
На листата со
желби имаше три големи имиња: Алваро Мората, Пјер Емерик Обамејнаг и Андреа
Белоти.
Но Шпанецот
направи трансфер во Челси, Дортмунд донесе конечна одлука дека Габонецот нема
да биде продаден, а Торино бара 100 милиони евра за „Петелот“.
Па Милан
разгледува и други опции, и одново во игра влегува Никола Калиниќ, кој пред
неколку недели јавно ја повика Фиорентина да му дозволи преселба на Сан Сиро.
Според Тутомеркатовеб, двата клуба се многу блиску до договор за зделка вредна
27 милиони евра, плус уште 5-6 милиони во бонуси.
Хрватот со
„Росонерите“ ќе стави потпис на пет годишен договор и ќе има плата од 3 милиони
евра по сезона.
Една ваква зделка
би можела да значи и голем трансафер на Илија Несторовски.
Фиорентина
подолго време внимава на Македонецот и во „Нестогол“ гледа идеална замена за
Никола Калиниќ.
Илија Несторовски
оваа недела порача дека сака да остане во Палермо, но работите брзо можат да се
промент доколку „Виолетовите“ достават богата понуда.
Во меѓувреме, Ла Репулика пренесе дека Диего Коса би можел да го засили Милан, но само на неколку месеци.
Милано ќе му биде попатна станица на напаѓачот до јануари, кога тој одново ќе го облече дресот на Атлетико Мадрид.