Манчестер јунајтед триумфираше против Њукасл со 1-0, Партрик Доргу со својот гол првенец направи разлика и донесе три бода за „ѓаволите“.
Во единствениот натпревар на „Боксинг деј“, Манчестер јунајтед по два месеци пауза се радуваше на победа на Олд Трафорд.
И покрај огромните проблеми со повредите и отсутните играчи на Купот на Африкански нации, момците на Рубен Аморим триумфираа со 1-0 над Њукасл.
Херој на натпреварот беше Патрик Доргу, левиот бек одлично се снајде по една мешаница и прецизно закачи волеј за гол првенец и 1-0 во 24. минута од мечот.
Њукасл во продолжението од мечот силно притисна, имаше неколку шанси за да се спаси од пораз, но недостасуваше завршница. Гостите најблиску до гол беа кога Хол ја погоди пречката со удар од далечина.
ФОТО: X/Manchester United