Десет навивачи поминаа 5.000 километри за да навиваат за својот тим во ЛШ, добија специјално изненадување (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Навивачите на казахстанскиот Каират од Алмати станаа вистински хит по вчерашниот натпревар на нивниот тим. Имено, Каират е најисточниот клуб кој некогаш настапувал во елитното еврпско натпреварување и вчера гостуваше во Копенхаген, а група верни навивачи помиинаа 5.000 километри за да ја дадат својата поддршка.

Данскиот шампион победи со 3-2, но мечот засекогаш ќе остане во сеќавање на симпатичните гости од Казахстан.

Точно десет навивачи на Каират го поминаа овој долг пат за да стојат зад својот клуб на тешкото гостување. Иако казахстанските фанови не важат за особено темпераментни, покажаа дека вистинската љубов кон клубот не признава далечини.

Копенхаген, во духот на спортската култура, одлучи да им оддаде признание. Сите десет навивачи беа изнесени на теренот пред почетокот на мечот, па така накратко станаа „ѕвезди“, а клубот им подари и специјални подароци.

„Фудбалот без навивачи никогаш не би бил ист. На сите фанови им посакуваме спектакуларна вечер во Лигата на шампионите,“ порача Копенхаген во објавата со видеото од овој гест.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×