164
Леванте по
десетина минути игра поведе со 0-1 на гостувањето кај Селта, стрелец на голот беше
Енис Барди. Македонецот доби една топка во шеснаесетникот на домаќините и
прецизно погоди на првата статива.
Со овој гол, Енис
Барди испиша историја и стана најдобриот стрелец од странство во дресот на
Леванте во Ла Лига. Македонецот има 18 погодоци, еден повеќе од Мустафа Рига.