Десет дена по крајот на преодниот рок, Атлетик Билбао доби големо засилување

by bojan
1 минути читање

Светската куќа на фудбалот попладнево даде зелено светло за трансферот на Ајмерк Лапорт во Атлетик Билбао, дури десет дена по крајот на летниот преоден рок во Европа.

Враќањето на Ајмерик Лапорт во Атлетик Билбао беше еден од големите трансфери во последниот ден од преодниот рок, но се чинеше дека зделката пропадна во вода откако Ал Наср навреме не ги внесе потребните информации.

Но десет дена по крајот на преодниот рок, ФИФА даде зелено светло за Ајмерик Лапорт да го облече дресот на клубот од Баскија.

Светската куќа на фудбалот смета дека постојат доволно докази за тоа дека трите страни постигнале договор пред истекот на преодниот рок, а Ал Наср направил ненамерна грешка.

Со оглед на тоа дека Атлетик Билбао ја обезбедил целата потребна документација пред крајот на преодниот рок, ФИФА смета дека трансферот е валиден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×