167
Франција одигра одличен натпревар против Белгија и победи со 2-0, на овој меч селекторот Дидие Дешам одлучи Килијан Мбапе да го стави на клупата, напаѓачот влезе во текот на второто полувреме.
Изненадувачки беше потегот на Дешам да ја стави на клупата најголемата ѕвезда и капитен на репрезентацијата, но очигледно тоа функционираше.
Дел од прашањата на француските новинари по мечот беа токму за Мбапе.
„Мбапе ќе постигнува голови. Опуштете се само, ние секогаш ќе бидеме посилни со него. Уверен сум дека за еден месец ќе биде подобро“, вели Дешам.
„Тој целосно ја презема улогата на капитен, дури и кога не игра. Немам никакви грижи за Килијан“.