131
Килијан Мбапе нема да биде во составот на Франција за престојните натпревари од Лигата на нации против Израел и Белгија, па Дешам требаше да одлучи кој ќе ја носи капитенската лента.
Претходно тоа беше Антоан Грзиман, но тој неодамна објави дека се повлекува од репрезентацијата, а за Франција веќе не игра ниту Жиру.
Дешам одлучил нов капитен да биде играчот на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени.
„Изборот падна на Чуамени бидејќи сметам дека тој ги има потребните квалитети да ја преземе оваа одговорност со оглед на неговото искуство и карактер“, рече Дешам.