Дешам: Момците сега ќе уживаат во секој момент, а во недела – одиме по трофејот!

by
1 минути читање

Франција го победи Мароко со 2-0 и во недела против Аргентина ќе се бори да ја одбрани титулата.

„Јасно е дека ова беше важен меч. Ќе има уште еден. Веќе еден месец сме заедно со фудбалерите. Никогаш не е лесно. Но беше такво уживање досега и овие момци изгинаа за овој успех. Во недела одиме по трофејот“, вели Дешам.

„Ќе имаме време. Им кажав на мојот стручен штаб и на фудбалерите да го земат секој момент од денот, да го ценат и да уживаат во моментот. За четири дена ќе играме за светската титула. Сега ќе уживаме и ќе се подготвиме за последниот меч на ова Светско првенство“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани