Дешам ќе ја предводи Франција во одбрана на светската титула идниот Мундијал

by
1 минути читање

Дидје Дешам стави
потпис на нов договор со кој ќе остане на клупата на најсилната фудбалска
репрезентација на Франција до 2022. година, известува „Франс Фудбал“, а притоа
истото го сторија и други медиуми.

Со тоа Дешам ќе
ги предводи „Триколорите“ во нивниот обид за одбрана на светската титула на
претстојниот Мундијал кој во 2022. година треба да се одржи во Катар.

Новиот договор за
Дешам, кој е потврден од новинските агенции во Франција, доаѓа како награда за
поранешниот фудбалер од средниот ред кој со низа успеси го предводи
националниот состав на Франција.

Претходно,
договорот на Дешам со Франција истекуваше идната година по крајот на Европското
првенство, меѓутоа сега соработката е продолжена на дополнителни две ипол
години.

Светското
првенство во Катар е предвидено да се одржи од 21 ноември до 18 декември, а
доколку Дешам го одработи целосно својот договор, би минал цела декада на клупата
на „Триколорите“, позиција на која назначен беше во јули 2012. година.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

https://t.co/aPujmIdPWU

Можно е и ова да ти се допаѓа

×