Дидје Дешам ги
изостави премиерлигашките ѕвезди Ентони Марсијал и Александре Лаказет во
списокот од 23 фудбалери кој го објави за Франција за претстојното Светско
првенство во Русија кое се одржува идниот месец.
Нема сомневање во
тоа дека селекторот на Франција беше на тешки маки во склопувањето на списокот,
со толку талентирани офанзивци како опции, Дешам ги одбра Флориан Товеин и
Набил Фекир, кои играат во голема форма, а самиот Дешам ја објасни својата
одлука.
„Тие и двајцата
беа добри на мечот против Германија. Но, тоа беше само еден натпревар…“ рече
Дешам.
Селекторот на
Франција ја коментираше контролката со Германија која заврши нерешено со
резултат 2-2, а истата се одигра ланската година во ноември.
„Целиот тим беше
добар на тој меч, тоа беше само пријателски натпревар, дури и фактот што
игравме против една Германија, сепак, на крајот беше само една контролка“
додаде тој.
„Ги имав и
двајцата и како стартери и како резерви на неколку натпревари, мојата одлука се
темели врз основа на анализите кои ги направив, Лаказет беше повреден во март,
а Ентони се врати“ заврши францускиот селектор.
Што се однесува
за споменатата контролка со Германија, тогаш Лаказет ги постигна двата гола за
Триколорите, тој играше се’ до
76. минута кога беше заменет со Гризман, а Марсијал ги одигра сите 90 минути од
средбата.
Списокот на фудбалери на Франција за Мундијалот проследете го – ТУКА.