Дешам има лоши вести за Реал Мадрид поврзани со Мбапе

by bojan
1 минути читање
Мбапе

Селекторот на Франција, Дидје Дешам вели дека Килијан Мбапе веројатно со месеци ќе треба да игра со маска на лицето поради фрактурата на носот.

Килијан Мбапе заработи незгодна повреда против Австрија во воведното коло на Европското првенство, па во продолженито од континенталниот собир игра со маска на лицето.

Напаѓачот замени неколку маски но и понатаму се мачи и се жали дека не гледа најубаво.

По денешниот натпревар против Белгија, Дидје Дешам соопшти лоши вести за Реал Мадрид.

„Се навикнува, се чувствува подобро со секој одминат ден. Се жали дека не гледа убаво, на моменти како да гледа 3Д слика. Но ќе мора да се навикне бидејќи ќе треба да ја носи со недели, ако не и со месеци“ – вели селекторот на Франција.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани