Милан изминатово
лето потроши преку 220 милиони евра на засилувања, пристигнаа дури 10 нови
имиња, но резултатите на почетокот од сезоната не се на посакуваното ниво.
Марсел Десаи
знае што им треба на „Росонерите“, Французинот вели дека клубот мора да
ангажира 3-4 играчи од светска класа за да се врати на шампионски патеки.
„До крајот на
живото ќе бидам заљубен во Милан! Да се игра на Сан Сиро, пред 80.000 луѓе!
Искусив моменти кои не можат да се опишат, тоа беше нешто неверојатно” – вели Десаи.
„Малку ме болат
сегашните резултати, се надвам директорите знаат што прават”.
„Донесоа многу
играчи оваа сезона со надеж дека ќе пристигнат добри резулати, но тоа не се
случува во моментов. Па мора сите да стиснат заби, да се истера сезоната онака
како што треба и летоска да се донесат три или четири фудбалери од светска класа
кои ќе донесат искуство и основа за оној стариот Милан кој сите го знаат”.
Една од најголемите замерки која пристигнува од сите страни за овој Милан е тоа што со потрошени преку 220 милиони евра не беше купен напаѓач од светска класа, кој ќе гарантира висока бројка на голови секоја сезона. „Росонерите“ се поврзуваа со имиња како Пјер Емерик Обамејнаг, Диего Коста и Андреа Белоти, но на крајот беше купен Никола Калиниќ.