Екипата на Шкупи денеска во рамките од деветтото коло во ПМФЛ го освоија првиот бод сезонава и тоа против Работнички одигрувајќи 1-1.
Ова беше дуел на двете последни екипи на табелата, Шкупи беше без бодови, додека Работнички влезе натпреварот со четири.
Почетокот на натпреварот донесе малку прилики, а прв до гол дојде Шкупи. Се играше 28-та минута кога по ударот на Рибеиро лошо реагираше голманот Јакимов, тоа го искористи Шуку кој на празна мрежа погоди за водство.
Тоа беше и единствениот гол во првиот дел. Работнички успеа да израмни по еден час игра преку Адем.
Најголемата прилика во продолжени ја имаше тимот од Дебармаало и тоа во самата завршница кога пред голот на чаирчани се случи вистински карамбол.
Со ист резултат заврши и вториот натпревар кој во Струмица го играа Брера и Башкими. Башкими таму имаше водство се до заврашицата кога домашниот состав успеа да дојде до гол вреден бод.