Како што пренесува Газета дело Спорт, дербито помеѓу Интер и Милан во недела е распродадено, „нероаѕурите“ ќе инкасираат околу 7 милиони евра приходи од билети, рекордна сума за натпревар од Серија А.
Интер во недела го пречекува Милан во „Дерби дела Мадонина“ и натпреварот ќе се игра во жешка атмосфера на полн „Сан Сиро“.
Како што пренесува Газета дело Спорт, натпреварот е распродаден и „нероаѕурите“ ќе забележат рекордни приходи од билети.
Се проценува дека Интер ќе инкасира околу 7 милиони евра, рекордна сума кога се во прашање натпреварите од Серија А.
Претходниот рекорд му припаѓаше на дербито Интер-Јувентус во 2019, тогаш биле остварени приходи од 6,6 милиони евра.
Што се однесва за миланското дерби во Серија А, најголем приход е остварено на натпреварот одигран пред 12 месеци, кога „нероаѕурите“ славеа со 5-1, тогаш биле инкасирани 6,2 милиони евра.