Дерби за врвот во Скопје: Вардар ја дочекува Струга

by 24 фудбал
1 минути читање

Во рамките на деветтото коло на Првата македонска фудбалска лига дербито се игра на „Градски“ во Скопје. Таму лидерот Струга Трим Лум ќе го предизвика второпласираниот Вардар како гостин.

„Црвено-црните“ од Скопје имаат два бода помалку во однос на ривалот, формата на екипите е идентична во последните пет кола со по четири победи и реми, па сè најавува голема борба за бодовите. Тимот на Гоце Седлоски ја има предноста на домашниот терен, ќе ја има и поддршката од навивачката група „Комити“, па има блага предност.

Последен пат овие две екипи се судрија во мај во финалето на Купот на истото место, а тогаш Вардар славеше со 2-0. Интересно е дека вардарци се во серија од три натпревари без пораз од Струга.

Во истиот термин од 15:00 часот на „Градскиот стадион“ во Кратово екипата на Силекс ќе го дочека Тиквеш. Кратовчани бараат излез од мини-кризата во која западнаа, бидејќи имаат три порази во низа. Од друга страна Тиквеш сака да се консолидира и тука гледа шанса за такво нешто.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×