Денеска со два натпревари почнува 27. коло од Првата фудбалска лига во Македонија (ПМФЛ), дербито е на Градски во Скопје каде Вардар ќе го пречека Работнички, во Кратово Силекс е домаќин на Башкими, двата дуели почнуваат од 15:30 часот.
Вардар во жестока битка за шампионската титула, а Работнички со сите сили се обидува да избори опстанок во Првата лига. Бодовите и на двата тима им се повеќе од потребни.
Црвено-црните имаа неубедливо издание во Битола каде не создадоа многу шанси во дербито со Пелистер кое заврши без голови. Работнички доживеа убедлив пораз од Шкендија на свој терен, но претходно беше во низа од четири победи по ред.
Вардар е на врвот со само бод предност пред Шкендија која ова коло има рутинска задача против Шкупи. Па се освен победа на скопскиот тим денеска ќе значи пад од врвот.
Работнички во вториот дел од сезоната собра бодови и ја прескокна Македонија Ѓ.П. на табелата, но уште се наоѓаат меѓу екипите кои испаѓаат. Сепак се многу поблиску до опстанок отколку што беа, но за да ја остварат целта потребни им се уште бодови.
Другиот денешен меч е во Кратово, таму Силекс ќе го пречека Башкими. Кратовскиот тим е на четвртата позиција од која не може да се помести ниту нагоре, ниту надолу. Башкими уште не обезбедил опстанок, но е во мирна зона.
Кратовскиот тим по неубедливиот старт на вториот дел од сезоната, врза две победи на последните два меча, Башкими игра променливо.
ПМФЛ 27. коло:
Сабота
Вардар – Работнички
Силекс – Башкими
Понеделник
Шкендија – Шкупи
Струга – Тиквеш
Вторник
Арсими – Пелистер
Брера – Македонија ЃП
Табела: Вардар 62, Шкендија 61, Струга 56, Силекс 46, Тиквеш 37, Башкими 37, Арсими 32, Брера 32, Пелистер 26, Работнички 25, Македонија ЃП 23, Шкупи 1.