Деновите на Тијаго Мота се одбројани, звучно име му се понудило на Јувентус под поволни услови

by bojan
1 минути читање
Мота

Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус сериозно размислува да му врачи отказ на Тијаго Мота по натпреварот против Џенова, како главен кандидат за тренерското столче се посочува Роберто Манчини.

Тијаго Мота ги преживеа двата тешки порази од Аталанта и Фиорентина, но се говори дека се одбројани неговите денови на кормилото на Јувентус.

Раководството на „старата дама“ сериозно размислува да му даде отказ на стратегот по натпреварот против Џенова на крајот од месецов.

Како главен кандидат за тренерското столче се посочува Роберто Манчини, кој се понудил под поволни околности.

Италијанецот нема ништо против да добие четиримесечен договор (до крајот на Светското клупско првенство) со обврска соработката да биде продолжена за 12 месеци доколку обезбеди топ четири пласман и настап во Лигата на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани