Денови се во прашање кога Лукаку ќе пристигне во Милано, тврди „АС“

by
1 минути читање

„АС“ пренесе дека
Интер е само на неколку денови до официјализација на трансферот на Ромелу
Лукаку, белгискиот напаѓач од поодамна е желба на Нероаѕурите, а самиот тој не
криеше дека сака да игра под кормилото на неговиот омилен тренер Антонио Конте.

Иако се чинеше
дека Интер ќе се повлече од трката за Лукаку поради високите барања на
Манчестер јунајтед, сепак калчолигашот според најновите информации кои
пристигнуваат ќе го комплетира овој трансфер за 80 милиони евра.

„АС“ тврди дека
Интер се вратил во трката за Лукаку со нова и подобра понуда од претходниот циклус преговори, најмногу поради притисокот
кој во клубот во голема мера го врши Конте, кој веројатно гледа големо
засилување во белгискиот напаѓач.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×