Денот кога Макси Лопез требал да избере помеѓу девојка му и Роналдињо: Ѝ купив авионски билет!

by bojan
1 минути читање

Поранешниот фудбалер Макси Лопез кажа една интересна приказна од времето кога беше дел од Барселона и како Роналдињо секоја вечер му тропал на врата за да одат и да се журкаат.

Роналдињо беше фудбалски волшебник, но Бразилецот исто така беше голем љубител на ноќниот живот, па затоа одигра само неколку сезони на врвот.

Макси Лопез, кој шест месеци беше дел од Барселона во сезоната 2005/06, сега открива како Бразилецот бил причина за разделба со девојката која ја имал во тоа време.

„Кога играв во Барселона, имав девојка… но Роналдињо дојде на полноќ и ми тропна на врата, ме викна да излеземе, па излеговме“ – раскажува Аргентинецот.

„Следниот ден, на полноќ пак ми тропна на врата и пак излеговме“.

„Кога дојде и трет пат да тропне, девојка ми ми рече, „Треба да одбереш, или јас, или Роналдињо?“.

И кога беше запрашан што одбрал, поранешниот напаѓач со насмевка на лицето одговори: „И купив авионски билет!“.

ФОТО: X/FC Barcelona

Можно е и ова да ти се допаѓа

×