210
Борусија Дортмунд
вечерва на Сигнал Идуна Парк го пречекува Реал Мадрид, со кого често играат
изминативе неколку години.
Но за денешната
средба, „Милионерите“ решија да се потсетат на дуелот од 2003, односно на
моментот кога Нури Шахин го бркаше дресот на бразилската легенда Роналдо.
Тогаш тој беше
само обично детенце кое прибираше топки покрај аут линијата, а сега е
стандареден првотимец на Борусија Дортмунд.
Во 2011 дури и
направи трансфер во Реал Мадрид, но имаше неславна авантура на Сантијаго Бернабеу,
каде играше само една сезона, а потоа две години беше позајмен на Ливерпул.