Денот кога Барса се пожали од судиите, Реал доби два пенали и лесно го совлада Сосиедад (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Реал Мадрид најмалку два дена ќе биде на врвот на табелата откако вечерва со 4-1 го совлада Реал Сосиедад на „Бернабеу“.

Барселона денеска испрати официјален допис до Фудбалската федерација на Шпанија да се пожали од судиските одлуки и нефер третман.

И во истиот ден, Реал Мадрид доби два пенали, од кој едниот прилично контроверзен, Винисиус почна да паѓа пред да има контак.

Момците на Арбелоа одлично го отворија мечот против Реал Сосиедад, Гарсија погоди по само пет минути игра.

Сепак, гостите изедначија на 1-1 во 21. минута, Ојарзабал погоди од белата точка. Но веднаш следуваше пенал и на спротивната страна, Винисиус Жуниор ја реализираше најстрогата казна во 25. минута за 2-1.

По половина час игра, Валверде зголеми на 3-1 и веќе тука беше јасно дека трите бода ќе останат во Мадрид.

На стартот од вториот дел беше досуден нов пенал, а Винисиус повторно презеде одговорност и погоди за 4-1.

Со оваа победа, Реал се искачи на првото место, и најмалку два дена ќе биде лидер во Ла Лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×