Денот „Д“ за Тиквеш, денеска треба да се знае судбината на кавадаречкиот клуб

by riste
1 минути читање

Дојде 17 септември, денот до кога новиот сопственик на Тиквеш треба да ги подмири финансиските обврски кон фудбалерите и стручниот штаб, во спротивно клубот ќе му биде одземен.

Доаѓањето на новиот сопственик на Тиквеш влеа надеж кај навивачите на кавадаречкиот тим за искачување на ново, повисоко ниво на клубот. Такви беа најавите, но работите на почетокот се одвиваат многу спротивно на тоа.

Фудбалерите и стручниот штаб не добиле плата, резултатите се лоши, а иднината неизвесна.

Со цел што побрзо да се стави крај на мачната ситуација, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев му даде ултиматум на новиот сопственик до 17 септемви да ги расчисти долговите, во спротивно со клубот повторно ќе раководи општината.

Денеска Тиквеш го пречекува Шкупи во меч од шестото коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а дали овој дуел ќе биде последен за новиот сопственик, останува да се види.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×