Дени Мусовски се очекува да се најде на списокот на селекторот Гоце Седлоски за претстојните предизвици на репрезентацијата на Македонија.
Претходно, тој доби мотивација на клупски план. Мусовски потпиша продолжување на договрото со Сиетл Саундерс. Според новиот договор македонско-американскиот фудбалер се обврза на верност до сезоната 2027/28, со опција клубот да му ја продолжи соработката и во 2028/29.
Во тековната сезона во МЛС лигата која тукушто започна Мусовски запиша три настапи како резервист. Во минатата тој постигна 16 погодоци во првенството.
Кариерата на Дени Мусовски тргна преку Сан Хозе Ертквејкс, потоа беше дел од Рено, па Лос Анџелес и Солт Лејк пред да потпише со Сиетл во февруари 2024 година.