Емануел Пети кој го носеше дресот на Арсенал од 1997 до 2000 година, во своите изјави не ги поштеди сегашните фудбалери на тимот од Северен Лондон.
„Кога ги гледам како играат, а ги гледам многу, ми изгледа како да играат без мотивација. Се обвинува Арсен Венгер, но не е целата вина негова. Зошто да биде?“, вели Пети.
„Зошто на фудбалер да му треба посебна мотивација да игра за еден од најголемите клубови во светот, на еден од најдобрите стадиони во светот?“.
„Некои од нив изгледа не знаат што значи да се носи дрес на Арсенал“.
„Можеби треба да се запрашаат што можат да му дадат на клубот, а не што клубот може да им даде на нив“.
„Некој треба да седне и да им каже да не се однесуваат како бебиња и деца. Треба да бидат горди што го носат дресот на Арсенал“.