Денеска во Серија А ќе се доигра мечот кој почна пред повеќе од два месеци

by riste
1 минути читање

Вечерва на „Артемио Франки“ во Фиренца, Фиорентина и Интер ќе го доиграат прекинатиот дуел поради стравичниот инцидент кој му се случи на Едоардо Бове.

Мечот почна на 1 декември минатата година и беше прекинат по 17 минути игра откако Едоардо доживеа срцев удар и падна на теренот по што веднаш беше пренесен во болница. Поради шокот кој го преживеаа фудбалерите, судијата тогаш реши дека мечот не може да продолжи.

Натпреварот ќе се доигра вечерва со старт од 20:45 часот и ќе почне од минутата кога беше прекинат. Резултатот е 0-0.

Во меѓувреме Бове закрепна, но веќе не може да игра во Серија А поради тоа што му е вграден дефибрилатор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×