427
Денеска продолжува Првата македонска фудбалска лига со сите натпревари од 27. коло.
Во фокусот е средбата во Скопје меѓу Вардар и Тиквеш. Вардар има шест бода предност и е во добра форма, додека Тиквеш е во опасност од испаѓање и нема победа во последните две кола. Гостивар, иако веќе се откажа од шампионска борба, ќе сака добар резултат против Шкупи.
Брера се бори за опстанок и ќе се обиде да ја спаси сезоната против Пелистер. Воска Спорт е аутсајдер на гостувањето кај Шкендија. Останатите натпревари се Работнички – Струга и Силекс – Беса.
Сите натпревари денес се играат во терминот од 16:00 часот.