Рано утрово во Минхен пристигна колумбискиот репрезентативец Луис Дијаз кој Ливерпул ќе го замени со Баерн.
Дијаз во Минхен пристигна од Токио каде што беше на турнеја со англискиот гигант. Во текот на денешниот ден тој ќе ги помине медицинските прегледи по што треба да стави потпис на договор со Баерн Мнхен кој добива големо засилување во нападот.
Најавите се дека Ливерпул од неговото заминување ќе добие сума од 75 милиони евра, додекаа Дијаз ќе има плата од 14 милиони евра по сезона и тоа е речиси пет пати повеќе од заработката која ја имаше во Ливерпул.
Исто така Колубмиецот ќе стане и третиот најскап фудбалер во историјата на Баерн по Хари Кејн (100 милиони евра) и Лукас Ернандез (80 милиони евра).
Exkl.: Bayern-Neuzugang Luis Díaz ist in München angekommen! @SkySportDE pic.twitter.com/VVhQUOfnzs
— Kerry Hau (@kerry_hau) July 29, 2025