Фудбалската федерација на Јужна Америка, КОНМЕБОЛ покрена постапка против Ривер Плата поради инцидентот кој го предизвикаа навивачите на овој клуб пред самиот почеток на реванш мечот.
Поради овој инцидент во кој беа нападнати фудбалери на Бока Јуниорс, се уште Јужна Америка чека на новиот шампион. Одлуката каде и кога ќе се одигра мечот е најавено дека ќе биде донесена денес.
Хулиганите на Ривер Плата допринесоа овој исклучително значаен меч да не се игра на нивниот терен, „Монументал“ не би требало да биде опција, па дури и ако биде одлучено да се игра без публика.
Аргентина ќе остане да биде домаќин само во случај ако мечот се игра без публика, во таа ситуација фаворит е стадионот „Хозе Амалфитани“ на Велез Сарсфилд.
Доколку се одлучи да има публика на натпреварот, најголем фаворит е Асунсион, главниот град во Парагвај. Опција е и Мајами.