Денеска почнува осминафиналето на СП, Меси и Аргентина имаат нова задача

by
1 минути читање

Првото осминафинале ќе почне од 16 часот, дуелот меѓу селекциите на Холандија и САД.

Холанѓаните го освоија првото место во групата А, но не импресионираа, не им се даваат некои сериозни шанси за долг пат на Светското првенство, но во денешниот дуел со Американците се благ фаворит.

САД со пет бода од втората позиција во Б групата се пласираше во осминафиналето. Американците се уште немаат пораз, имаат два гола дадено и само еден примен во групната фаза. 

Поголемо внимание за пошироката јавност привлекува вечерашниот дуел кога Меси и Аргентина повторно ќе се појават на сцената, овојпат против селекцијата на Австралија.

Аргентина е еден од главните фаворити за освојување на Светското првенство кое го почна со шокантен пораз од Саудиска Арабија, но како течеа мечевите од групната фаза формата одеше во нагорна линија.

Од друга страна пак Австралија е голем аутсајдер во овој дуел, но победите над Тунис и Данска им вбризгаа самодоверба и сигурно нема да излезат со бело знаме на теренот.

Неизвесен за вечер е настапот на Ди Марија кој има мала повреда и можно е да не го почне мечот.

Денеска на СП:

16:00 Холандија – САД

20:00 Аргентина – Австралија

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани