Денеска ќе се оствари сонот на Собослаи!

by riste
1 минути читање

Детскиот сон на фудбалерот на Ливерпул, Доминик Собослаи вечерва ќе стане реалност кога Унгарија ќе се соочи со Португалија.

Собослаи денеска за првпат ќе игра против Роналдо кој е негов идол од детството.

„Сум играл против големи фудбалери, но никогаш не сум играл против него. Уште од дете тој е мојот идол“, вели Собослаи.

„Конечно дојде времето. Се надевам дека искуството ќе биде позитивно“.

Интересно, токму на денешен ден, 9 септември 2009 година, Собослаи беше маскота на мечот меѓу Унгарија и Португалија и стоеше блиску до Кристијано Роналдо. Оттогаш поминаа 16 години, сега тој ќе игра против Португалецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×