199
Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио тврди дека голема е веројатноста за враќање на Елиф Елмас во Наполи.
Наводно двата клуба се блиску до договор, за денеска се закажани последните состаноци на кои треба да се испеглаат последните детали.
Доколку се биде во ред и во текот на денешниот ден, ќе почне и официјална реализација на трансферот.
Се работи за договор за едногодишна позајмица со опција за откуп. Според Ди Марцио, преговорите се одвиваат во полза на Наполи, Лајпциг е оној кој попушта.