Денес конечно истекува договорот на Мојс со Манчестер јунајтед (ФОТО)

by
2 минути читање

Договорот на Дејвид
Мојс со Манчестер јунајтед конечно истече – се
што се случи откако тој си замина“ пишува во
својот наслов „Манчестер ивнинг њус“, а 56 годишниот фудбалски стратег кој
моментално е без ангажман на 1 јули во 2013. година стави потпис на шестгодишен
договор со Премиерлигашот, договор кој требаше да заврши токму денеска.

Мојс го наследи
Алекс Фергусон, благодарение на големите успеси на кормилото на Евертон, екипа
која беше на прагот до групите од Лигата на шампионите под негово водство, а за
успесите пофалби добиваше и од Фергусон, се верува дека токму тие коментари беа
речиси предуслов за тој да го преземе жешкото столче во Манчестер јунајтед.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/oH78kOz2uf

Сепак, авантурата
на Шкотланѓанецот на „Олд Трафорд“ траеше само десет месеци, доби големи
критики поради неуспехот, а низ годините потоа се појави прашањето дали беа
реални големите очекувања од него.

По отказот за
Мојс во мај 2014. година за нов тренер беше назначен Ван Гал, тој пак по само
десет лигашки натпревари дојде до катастрофалното деветто место на табелата во
Премиерлигата, со 13 бода и три победи, запишувајќи го најслабиот старт во една
сезона за Манчестер јунајтед по оној на Рој Аткинсон во 1986/87.

По две години Ван
Гал доби отказ од раководството на клубот, а истиот месец за нов тренер беше
назначен Жозе Мурињо, неговите резултати често беа споредувани со оние на Мојс,
а истите беа дури и полоши во одредени моменти.

Што се однесува
пак до Мојс, тој во мај 2018. година го напушта Вест Хем, во декември лани
Мурињо доби отказ, а март годинава на клупата на Манчестер јунајтед седна Оле
Гунар Солскјер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани