Денес е ѕвезда на Реал Мадрид, но можел да потпише и за Барселона – едно прашање променило се!

by Стефан
1 минути читање

Бразилецот, Родриго денес е член на Реал Мадрид, но многу лесно тој можел да го облече дресот на најголемиот ривал на „кралевите“.

Во интервју со новинарот Томас Ронсерс кој е и навивач на Реал Мадрд откри дека во 2019 година имал договор со Барселона.

„Пред да дојдам во Реал Мадрид, се беше договорено за мој трансфер во Барселона.Но, тогаш мојот татко дојде и ме праша да изберам помеѓу Реал Мадрид и Барселона, одлуката беше лесна. Знаев што сакам, знаев што е мојот сон и на крајот тој се остваари“, призна Родриго.

Новинарот потоа го запраша и што ќе се случело ако неговиот татко не му го поставел тоа прашање.

„Би се преселил во Барселона. Бев во Сантос, играв добро, а Барселона дојде по мене. Тоа е клуб кон кого имам почит, иако мојот сон беше РеалМадрид. Како професионалец морате да ги почитувате сите големи клубови, Барселона е еден од нив“, истакна Родриго.

Ќе потсетиме, Реал Мадрид во 2019 година за Родриго плати сума од 45 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×