Дендонкер донесе реми за Андерлехт во дуелот со Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед е фаворит за трофејот во Лига Европа и избраниците на Жозе Мурињо
добро го започнаа гостувањето кај Андерлехт.

Со голот на
Мхитарјан во 37. минута, гостите поведоа со 0-1.

„Црвените Ѓаволи“
беа на добар пат со победа да се вратат дома, но во 86. минута Дендонкер
изедначи на 1-1.

Но и ова е
позитивен резултат, и настапот во полуфиналето ќе треба да го потврди следната
недела пред своите фанови.

Ајакс направи
значаен чекор кон пласман помеѓу четирите најдобри откако вечерва со 2-0
славеше над Шалке.

Победа пред своите фанови забележа и Селта, тимот од Виго со 3-2 славеше над
Генк.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани