Денеска од 13 часот ќе почне ждрепката за Конференциската лига во која ќе биде и македонскиот шампион, екипата на Шкендија. Тетовскиот тим е во петтиот шешир.
Екипите пред ждрепката се поделени во шест шешири, Шкендија е во петтиот заедно со Бреидаблик, Сигма Оломуц, Самсунспор, Раков и АЕК Ларнака. Тоа значи дека ќе нема противник во некоја од овие екипи.

Најпознати имиња во конференциската лига се Фиорентина, Кристал Палас, Рајо Ваљекано, Мајнц… кои се и фаворити за освојување на натпреварувањето.
За разлика од Лигата на шампионите и Лига Европа каде се играат по осум натпревари во лигашкиот дел, во Конференциската лига има шест кола.
Шкендија првиот натпревар ќе го одигра на 2 октомври, а ќе заврши на 18 декември.