Репрезентативната пауза заврши, a клупскиот фудбал во Македонија се враќа со големото дерби помеѓу Пелистер и Вардар во рамките од 25. коло во ПМФЛ.
Натпреварот на „вечните“ ривали е единствениот кој ќе се игра денес, останатите на програмата се во понеделеник.
Трибините во Битола се очекува да бидат полни, а средствата собрани од билетите Пелистер ќе ги донира за настраданите во трагедијата во Кочан. Од друга страна навивачите на Вардар во знак на почит кон жртвите одлучија да не патуваат во Битола на ова гостување.
Дербито двете екипи го дочекуваат во добра форма со освоени девет бода во последните пет кола, Вардар има две победи и три нерешени натпревари, додека Пелистер трипати победи и двапати беше поразен.
На табелата Вардар е осми со 22 бода, додека Пелистер е една позиција погоре, но со седум бода повеќе, па јасно е дека на скопскиот тим победата му е повеќе потребна.
Натпреварот се игра со почеток од 15:00 часот.