Ден за одлука: Може ли Реал Мадрид да ја скроти големата негатива и да го помине Арсенал?

by riste
1 минути читање

Денеска ќе бидат комплетирани полуфиналните двојки во Лигата на шампионите откако ќе завршат реванш мечевите меѓу Реал Мадрид и Арсенал, и Интер и Баерн Минхен.

Арсенал со убедливи 3-0 го победи Реал Мадрид во првиот дел, но и покрај високата негатива, во таборот на кралскиот клуб веруваат дека можат да останат во Лигата на шампионите.

На Реал Мадрид за почеток ќе му треба предност од три гола разлика со кои ќе ја анулира негативата, а потоа и уште некој погодок за да отиде понатаму, во спротивно пеналите би решавале.

Во Арсенал се надеваат дека нема да дојде до некои од овие сценарија, тимот на Артета е подготвен да оддолее на притисокот, да одигра уште еден голем меч, да ја сочува предноста и да се пласира во полуфиналето.

Интересно ќе биде и на мечот меѓу Интер и Баерн Минхен. Нероазурите победија на Алијанц Арената со 2-1, но Баварците сигурно нема да се предадат и ќе се обидат да триумфираат во Милано.

Тимот на Симоне Инзаги е фаворит поради случувањата на првиот меч, но јасно е дека мора од почеток да се почне денешниот дуел и да се даде максимумот за да се стигне до полуфиналето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани