Ден како кошмар за Тудор: Доживеа дебакл, па му се случила семејна трагедија!

by Стефан
1 минути читање

Игор Тудор денеска ја продолжи кризата со Тотнем, откако лондонскиот клуб на домашен терен претрпе убедлив пораз од 0-3. Но, на хрватскиот тренер по дуелот го дочекала уште полоша вест за семејна трагедија, пишуваат англиските медиуми.

Тудор не се појави на прес-конференцијата по мечот, каде наместо него зборуваше помошникот Бруно Салтор. Според извори од Островот, причината за неговото отсуство е смртта на блиска личност од семејството, по што веднаш отпатувал за Хрватска.

Засега деталите околу трагедијата се ограничени, но медиумите истовремено пренесуваат дека иднината на Тудор на клупата на Тотнем е неизвесна и дека неговото заминување од клубот може да се случи многу брзо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×