Екипата на Малага
одигра реми со 2-2 на гостувањето кај Реал Сосиедад во синоќешниот меч од
претпоследното коло во шпанската Примера.
Дефанзивецот од
редовите на Малага, 36. годишниот Аргентинец, Мартин Демикелис влезе во игра во
78. минута на дуелот кој се одигра на „Сан Себастијан“, по мечот на прес
конференцијата објави крај на својата богата кариера.
Аргентинецот
доста емотивно ја пренесе таа информација, со солзи на очите, притоа доби
аплауз од присутните.
Демикелис
професионалната кариера почна да ја гради во својата земја, во тимот на Ривер
Плата, потоа следеше преселба во Баерн Минхен каде освои четири шампионски титули
во Бундеслигата, играше и финале со „Баварците“, она во сезоната 2009/10 каде
тимот од Минхен загуби од Интер. Играше и за Манчестер Сити, Еспањол, кариерата
ја завршува во дресот на Малага.
За
репрезентацијата на Аргентина одигра 51 натпревар, и постигна два гола.