1,2K
Eкипата на Пари Сен Жермен го победи Монако во финалето на францускиот Суперкуп кое се играше во Доха.
Монако се покажа како цврст противник, а ПСЖ отпорот успеа да го скрши во 92. минута кога мрежата на тимот од Кнежеството ја погоди Осман Дембеле.
Гледавме натпревар со активна игра и шанси, меѓутоа само еден гол го одлучи победникот.
За ПСЖ овој трофеј беше вкупно 13-ти во историјата.