Дембеле погоди пред очите на скаутите на Челси и Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Скаути на Челси и
Манчестер јунајтед биле на трибините за време на синоќешната пресметка на Лион
со Брест на домашен терен во рамките на францускиот Лига куп, каде домаќините
славеа со 3-1.

Причините за
присуството на скаути на обата Премиерлигаши бил 23 годишниот напаѓач на Лион,
Муса Дембеле, а токму младиот фудбалер беше стрелец на водечкиот гол на
домаќините, гол кој сигурно донел позитивни белешки во нотесот на скаутите.

Интересот на
Челси и Манчестер јунајтед за Дембеле не е нешто ново, обата клуба во него
гледаат одлично засилување во нападот на неколку месеци пред крајот на
актуелната сезона.

Челси претходната
седмица имаше и понуда до Лион за Дембеле, меѓутоа истата беше одбиена, сега,
според пишувањата на „Спортсмејл“, истиот клуб не се откажува од своите намери
и покрај тоа што Лион постојано тврди дека нема интенција да го продаде.

Од друга страна
пак, Манчестер јунајтед очајно е во потрага по дополнителна опција во нападот
на својот состав по заминувањето на Ромелу Лукаку во летото, а секако дека на
Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал, кој понекогаш играат и принудно на повеќе
позиции, им е потребна поддршка во тој дел од играта.

Поранешниот
младински репрезентативец на Франција за фудбалери до 21 година, во дресот на
Лион каде игра веќе две сезони на 51 меч успеа да постигна 25 погодоци.

Фактот што Дембеле
има важечки договор со францускиот прволигаш до 2023. година му дава одлична
позиција на Лион во евентуалните преговори со потенцијалните кандидати за
неговиот потпис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×