Дембеле по „Златната топка“ ја доби и најголемата ФИФА-награда!

by 24 фудбал
1 минути читање

Доха е домаќин на свеченото доделување на наградите „The Best“ во организација на ФИФА, настан кој го собра светскиот фудбалски крем.

Најпрестижното индивидуално признание заврши во рацете на Усман Дембеле.

Францускиот репрезентативец имаше извонредна сезона во дресот на ПСЖ, каде што беше еден од клучните играчи во освојувањето на Лигата на шампионите, како и сите трофеи на домашната сцена. Неговото влијание и константни настапи беа доволни за ФИФА да го прогласи за најдобар фудбалер во 2025 година.

Во трката за наградата, Дембеле ја надмина конкуренцијата составена од младата сензација на шпанскиот фудбал Ламин Јамал и ѕвездата на Реал Мадрид, Килиан Мбапе, со што ја заокружи најуспешната година во својата кариера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×