Осман Дембеле неколку
дена тренира со соиграчите и работи на својот фитнес по повредата заработена
пред дуелот со Борусија Дортмунд на 27. ноември минатата година.
Французинот се
најавуваше како „зимско засилување“ за Кике Сетиен откако Барселона не донесе
замена за Луис Суарез, но прашање е колку и кога ќе може тој да помогне.
Марка попладнево
пренесе дека Осман Дембеле утрово на тренингот се пожалил на болки во мускулот
и морал предвреме да ја заврши сесијата. На сторијата се надоврза и РАЦ 1 и објави дека се работи за обнова на повредата на задната ложа на десната нога.
Барселона на
Твитер сподели фотографија од Осман Дембеле како тренира, но подоцна постот беше
избришан па ова само ги подгреа шпекулациите дека напаѓачот повторно ќе биде
надвор од стројот. Се очекува официјално соопштение во следните часови